Загина основачот и сопственикот на брендот „Манго“
Основачот и сопственик на продавниците за облека Манго, 71-годишниот Исак Андик, загина во саботата во Каталонија кога паднал од планина од височина од 150 метри, објави неговата компанија.
Тој со сопругата и синот биле на патување на планинскиот масив Монсерат, на северо-источниот дел од Шпанија.
Се лизнал на пешачка патека, и паднал во провалија висока 150 метри, поради што починал на местото на настанот.
„Со длабоко жалење ве известуваме за ненадејната смрт на Исак Андик, нашиот претседател и основач на Манго, во несреќа која се случи оваа сабота“, рече извршниот директор на таа компанија, Тони Руиз.
Каталонската полиција добила повик за несреќата нешто пред 13 часот.
Имотот на Андик се проценува на 4,5 милијарди евра, што го прави еден од најбогатите жители на Шпанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина основачот и сопственикот на брендот „Манго“
Основачот и сопственик на продавниците за облека…