Загина сопственикот на опожарениата куќа во Велес

t

Eден маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на ул. „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес. И покрај интервенцијата на Територијалната Против Пожарна Единица Велес која по дојавата за пожарот во куќата излегла веднаш на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.

Како што информираат од ТППР Велес, по пристигнување на лице лице место, пожарот бил затекнат во развиена фаза во една просторија каде што било пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа.

Во 19.40 часот бил повикана лекарска екипа од Брза помош,која за жал само констатирала смрт кај лицето,информираат за МИА од Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за илегална продажба на околу еден…

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…

Судијка од Велес времено делегирана во Судот…

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине…

Мицкоски најави влегување на македонскиот пазар на…

Фармацевтската швајцарска компанија „Ронтис“ изразила желба да…

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди…

Пронајден мртов планинарот кој исчезна кај Велес

Планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа…