Загина 25-годишник: Тешка несреќа на патот Кичево – Охрид!

t

Млад маж на возраст од 25 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралата Кичево-Охрид.

Полицијата информира дека на вчера (05.10.2025) околу 6.30 часот е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од селото Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од село Грешница, кичевско.

Како што велат, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „БМВ“, Е.Б.(25) од село Грешница, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина 25-годишник: Тешка несреќа на патот Кичево…

Млад маж на возраст од 25 години…

Тирана во шок: Судија убиен со огнено…

Во Апелациониот суд во Тирана денеска се…

Алармантна е состојбата со недостигот на медицински…

Состојбата со дефицитот на медицински сестри станува…

Меркел ја потресе Европа со најновата изјава:…

Шокантна изјава на Ангела Меркел: Полска и…

Ако гледате во телефон на пешачки, не…

Не се знае кога полицијата ќе почне…