Загрижени родители на ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром: Ученик носи нож, малтретира ученици, ремети настава и никој не презема ништо!
До редакцијата на Инфомакс пристигна писмо од загрижени родители на ученици во основното училиште “Браќа Миладиновци” во општина Аеродром, по денешната трагедија во Белград во која загинаа девет лица, од кои осум ученици.
-Почитувани;
Ви се обраќаме со цел да ве известиме за случувањата во ОУ Браќа Миладиновци – Скопје, кои траат веќе подолго време. Се обративме до МВР, МОН, Социјалните служби, Општина Аеродром, просветен инспекторат и од никаде немаме повратна информација, а ситуацијата секојдневно ескалира.
Имено се работи за еден ученик кој носеше нож во училиште и се закануваше на децата дека ќе ги убие. Тоа не беше доволно па неколку дена подоцна, давеше дете до снемување на воздух. Истиот ден на час претепа 3 деца, во ходник уште 1 дете и секојдневно тортурите продолжуваат. Итото тоа дете нападна и наставник. Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на Директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од Директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес.
Беше поднесено барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјало, за преместување на ученикот во друго училиште.
Ваквото барање се заснова врз фактот што и покрај секојдневните разговори со стручните служби од училиштето, во времетраење од неколку години наназад, однесувањето на детето не се подобрува туку се влошува. На детето му е потребно стручна помош. Менувањето на средината и стручниот тим би можел да се покаже како делотворен.
Сите наши реакции се сведени на преписки од една до друга институција. Сите наши консултации во гореспоменатите институции значеа само префрлање на одговорноста од една на друга институција.
Како загрижени родители за безбедноста на нашите деца, ви се обраќаме Вас како медиуми, да ја пренесете веста, со цел институциите да си ги завршуваат работите на најитен можен начин, особено кога се засегнати животите на децата во државата. Училиштето треба да биде поим за сигурност и безбедност, а не за заштита на деликвенти. Директорката во нашето училиште на неколку пати не изманипулира во целата ситуација и ги загрози животите на нашите деца. Денес на одредени родители им беше забранет влез во училиштето, за да не го нарушуваат нејзиниот мир.
Од загрижени родители во VI одд. При ОУ: „ Браќа Миладиновци“ – Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…
Не постои ниту еден тип на имунитет…
Пронајден починат маж во напуштена куќа во…
На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Фото галерија) Општина Аеродром претворена во змијарник,…
Хаос во населба Мичурин, со месеци никој…
Маж пронајден мртов на клупа во Аеродром
– На 21.07.2024 во 13:34 часот во…