Загрозени најмалку половина милион луѓе: Исчезна радиоактивен цилиндар во Тајланд
Од термоелектрана на Тајланд неделава исчезна метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина, кој властите се обидуваат да го најдат што е можно поскоро.
Властите ги предупредија граѓаните дека постои сериозен здравствен ризик доколку наидат на него, јавува Си-Ен-Ен.
Откритието доаѓа само два месеца по сличен инцидент во Австралија во кој се бараше мала радиоактивна капсула која на крајот беше пронајдена на страната на патот во ретко населена област.
Но, за разлика од австралиската капсула, овој цилиндар исчезна во многу погусто населена област од речиси половина милион луѓе. Во неа се наоѓаат некои од најважните национални паркови во Тајланд, вклучувајќи го и познатиот Хао Јаи.
Цилиндерот е долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри, а се користел за мерење на пепел. Неговото исчезнување беше пријавено на 10 март за време на рутински проверки во термоелектрана во Прачин Бури, провинција во централен Тајланд, источно од Бангкок.
Цилиндерот бил дел од силос и содржи цезиум-137, високо радиоактивна супстанца за која научниците тврдат дека е потенцијално смртоносна.
Тимови за пребарување и беспилотни летала се распоредени за да го пронајдат исчезнатиот цилиндар, соопшти владата.
Властите користат опрема за откривање радиоактивен материјал за да го лоцираат цилиндерот.
Во потрагата се вклучени тимови за пребарување и дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доказ дека и 1% е шанса! Во…
Азиски слон во централниот дел на Тајланд…
Тајланд и Кина ги укинуваат визите за…
Тајланд и Кина се договорија да ги…
Десетина лица загинаа во страшна експлозија во…
Најмалку десестина лица загинаа, а над стотина…
Загрозени најмалку половина милион луѓе: Исчезна радиоактивен…
Од термоелектрана на Тајланд неделава исчезна метален…