Заев демантира поврзаност со осомничениот за потпалување пожар Николов
Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантираше тврдењата дека Александар Николов, лицето за коешто вчера МВР соопшти дека е приведено под сомнение дека подметнувал пожар во струмичко, бил него возач додека тој бил градоначалник на Струмица.
„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.
Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, истакна Заев во изјава за „Фокус“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев демантира поврзаност со осомничениот за потпалување…
Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантираше тврдењата…
Сијарто: Европската унија е понижена и исмеана
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…
Иран им се заканува на САД и…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде…
Министерот за животна средина и прв вицепремиер…
Јакимовски: Е сега, направете разлика меѓу одговорна…
Во 2017 година Македонија беше домаќин на…