Заев: Македонската дипломатија добива круна со назначувањето на Шекеринска во НАТО
Назначувањето на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е голема чест за македонската држава, велат за „Гласот на Америка“ универзитетски професори и дел од поранешни носители на високи државни функции.
„Ова има големо значење за Северна Македонија, за регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа, како најава за особен интерес на НАТО Алијансата за состојбите во неговото југоисточно крило. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе има како прв соработник експерт и искусен политичар, кој повеќе од две децении е во жижата на настаните што ја обдбележија поблиската историја на регионот, во кој што постојат сѐ уште земји кои не се членки на НАТО“, вели поранешениот амбасадор Ѓорѓи Филипов.
На ова назначување, Филипов гледа како на добар потег на генералниот секретар и на НАТО.
„Затоа што делуваат врз база на реалната состојба во која нема да има баш некое време за погрешни проценки и грешки. Таа е искусен политичар, наполно посветен Европјанин и верен следбеник на идеите на евроатлантската соработка, во исто време и способен извршител на одлуки донесени на највисоки нивоа на НАТО“.
И универзитетскиот професор Мерсел Биљали за „Гласот на Америка“ вели дека ваквата одлука е од од големо значење, не само за Северна Македонија, туки и за целиот балкански регион.
„Мислам дека тоа има големо значење за целата држава и регионот како целина, особено што Шакеринска во тоа својство не е избрана по волја на ниедна власт, туку како ретко подготвена и комплетирана личност со силен морален кредибилитет, знаење, политичко убедување и личен кредибилитет. Тоа е многу важно и за државата и за целиот регион, оти НАТО сојузот ќе има информации од прва рака од многу компетентна личност, за многу прашања поврзани од одбранбен аспект за балкански регион и пошироко, вели Биљали“.
Ова е незабележан успех во македонската политичка историја. Особено, имајќи предвид дека станува збор за жена, со долгододишни и неуморни битки во областа на евроинтеграците, безбедноста, одбраната, демократијата, вели универзитетската професорка Ана Чупеска.
„Шекеринска е извонреден и доверлив политичар од светски рамки (демократски) и како исклучително квалитетна таа е меѓунардно етаблирана. Имајќи го во предвид ова, воопшто не сум изненадена што стана втор човек на НАТО. Ова го разбирам како природна последица од нејзиниот професионален ангажман кој несомнено е исклучителен и конзитентен. Таа, не е без причина, поставена за втор човек во најмоќниот сојуз на држави во светот. Напротив, сите ние, без разлика на политичката афилијација, треба да сме горди на ова назначување, затоа што во рамките на НАТО ќе имаме уште поголем рефлекс“, вели таа.
„Македонската дипломатија денеска добива круна“, вели експремиерот Зоран Заев, кој има долга историја на соработка со Шекеринска.
„Македонската дипломатија денес добива круна. Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет. Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Честитки за назначувањето на Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО пристигнаа и од други нејзини долгогодишни соработници и политички соборци, но не и од политичките противници – Владата, премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова денеска и натаму целосно ја игнорираат оваа вест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…
Децата на политичката елита профитираат од брзите…
Децата на политичката елита профитираат на грбот…
(Видео) Австрија има женска верзија на Заев:…
Изјавата на австриската министерка дека Африка е…
3aeв нema да користи aпaнажа, ќе се…
Поранешниот премиер Зоран Заев од вчера има…