Заев се згрози од Апелација, а приправничката Дамева побрза да свика седница на Судски совет!
Заев се згрози од апелација и отвори политичка хајка, а Весна Дамева побрза да одржи итна седница на судскиот совет за редовни активности.

Насмевката „од уво до уво“ која што актуелната претседателка на Судскиот совет Весна Дамова ја има на фотографијата со Зоран Заев , покажува дека таа не се нашла случајно во партиските простории на СДСМ, а тоа се потврдува и со нејзините први одлуки на новата функција.
Српската поговорка која го отсликува нејзиното однесување и свикување на итна седница откако поранешниот претседател на СДСМ го нападна апелацискиот суд, би гласела „Заев оком, а Весна скоком“.
Приправничката Дамева при доаѓањето на новата функција се правдаше дека случајно се нашла во партиската правна комисија на СДСМ каде помагала како експерт, бидејќи според неа не било проблем да се биде симпатизер на некоја партија, но сега ќе се водела по законот.
При тоа Дамева не објасни какво е задоволството да се соработува со партиски лидер кој е аболициран за криминал во „Глобал“ тежок 7 милиони евра, за барање на поткуп од „евро за црквата, евро кај Вице“ и за обид за вршење на Пуч.
Без да објасни по кој закон мора да се постапи по реакциите на поранешниот претседател на СДСМ, истиот ден кога Заев ја нападна одлуката на апелација бидејќи тој проценил дека „имало докази чисти како ден“, Дамева му возврати со најава дека Судскиот совет уште на првиот работен ден ќе преземе дејствија и ќе го испитала предметот „Таргет – тврдина“.
Тоа што Заев го посака и замисли, Дамева денес го реализираше, но пред аргументите и боговите молчат па така поискусните членови на судскиот совет не дозволија да бидат вовлечени во партиските пресметки и да се инволвираат во линчот на судиите од апелација.
„Имаме вршено работни посети, ги следиме работите во судот, добиваме месечни извештаи. Ова го кажувам како појаснување. Работната група нема да направи нешто што не е направено. Редовно се следи. Ја знаеме и причината поради немање на можност на судиите, генерално, да го совладуваат приливот на предмети кои го добиваат. Апелација-Скопје има најсложени и најголем обем на предмети. Знаеме каква е состојбата со бројката на судии. Тоа се факти кои не можеме да ги премолчиме. Колку траат постапките, во голема мера зависи од овие факти.
Во конкретниот случај, што би вршела работната група во контрола надзор, над што? На траењето на судската постапка? Треба како паралела да се земе колку тој судечки совет имал предмети, колку решил, дали имало намерно одолговлекување или состојбата во зависност од приемот на предмети, се одлучувало? Тоа можеме да го утврдиме со посетата. Од нашата контрола може само тоа да произлезе, да видиме на судечкот совет, број на предмети, број на решени, динамика и да видиме дали има намерно одолговлекување“, се произнесе на состанокот пред целокупната јавност Тања Чачарова-Илиевска.
Таа заедно со судиите Мирјана Радевска-Стевкова и Мери Радевска треба да остварат работна посета на скопска апелација на која што ќе се информираат околу постапувањето на судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…