Заев си замина, заевизмот останува: Комплетирани партиските тела на партијата, ништо од новите кадри

t

Комплетирани партиските тела на СДСМ. Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ и близок соработник на премиерот сега веќе во заминување Зоран Заев, како што извести тој самиот од страна на Централниот одбор добил партиска доверба да биде нов мандатар.

Ковачевски доцна во ноќта ги соопшти новите имиња на потпретседателите и членовите на Извршниот одбор, а изјави дека е формиран Совет за креирање и имплементација на политики, чија задача ќе биде да биде помошно тело за поддршка на претседателот и органите на партијата, а ќе треба да го интегрира и мобилизира целиот човечки капитал во и надвор од СДСМ.

Иако од СДСМ велат дека создаваат и поддржуваат нови кадри, сепак тоа се покажа дека не е така.

Миле Зечевиќ е новиот генерален секретар кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски. Името на Зечевиќ се поврзува со изборни нерегуларности, кој важи и за близок до сега веќе бившиот претседател на СДСМ Зоран Заев. Блискоста меѓу Заев и Зечевиќ ја потврди и тој самиот кога во интервју на националната телевизија ТВ 24, изјави дека никој освен Зоран Заев не може да ја води владата.

-Добро би било за нас како партија да го продолжиме процесот и сум убеден дека никој освен Зоран Заев не може да води владата за да во 2024 излеземе на редовни парламентарни избори. Тоа е мојт став и позиција. Секое друго решение го смертам како решение кое ќе не воведе во предвремени парламентарни избори – рече Зечевиќ.

Медиумите во 2019-тата година името на шефот на СДСМ-овското крило на тајната полиција Зечевиќ го поврзуваа со неговиот брат кој е неосуден убиец, инаку тогаш актуелен директор на Јасен Новица Зечевиќ добил ослободителна пресуда иако при лов на Маврово случајно убил свој пријател, но поради конекциите на братот Миле Зечевиќ случајот бил затворен како „несреќен случај“.

Партиска фотелја доби и поранешниот директор на ЈП Паркинзи Центар, Вангел Андревски кој ќе биде нов организационен секретар, додека пак за секретар за меѓународна политика е избран сегашниот министер за правда Бојан Маричиќ.

Маричиќ како министер за правда се прочу неславно бидејќи неговото министерување е поврзано со низа скандали, имено од тоа како министер за правда не знаеше колку затвори има во државата и колку лица се лишени од слобода, па се до спорната листа за помилување која наиде на остра критика како од граѓаните, така и од ВМРО-ДПМНЕ и од албанските опозициски партии Алијанса на Албанците и БЕСА.

Тоа дека заевизмот е продолжен го потврдува токму избор Сања Лукаревска да остане на позицијата заменик претседател на СДСМ. Имено, Лукаревска на оваа позиција дојде откако со 682 гласа „за“ на 26тиот конгрес на СДСМ го изгласаа предлогот на тогашниот претседател Зоран Заев.

Уште една потврда за тоа дека во СДСМ ништо не се менува, туку напротив само се надоградува е фактот што за избор на Извршниот одбор се одбраа лица како Нина Фити Неделковска, ќерка на професорот и академик Таки Фити, која беше една од наплатените советници во кабинетот на премиерот Заев. Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица инаку во јавноста познат како миленик на Заев именуван за член на Извршниот одбор.

По неуспешниот мандат како градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов си обезбеди место во Извршниот одбор на СДСМ. Името на Шилегов се поврзува со бројни скандали и сериозни индиции за криминални афери, а откако не доби мандат од скопјани, доби партиска фотелја. Ова покажува дека СДСМ не ја примија лекцијата од народот за катастрофалните политики кои ги водеше како татко на градот.

Понатаму, место во Извршниот одбор на СДСМ има и за Андреј Петров или вечниот губитник, како и за поранешниот пратеник Костадин Ацевски кој пак имаше пријава за семејно насилство врз неговата сопруга.

Други членови на Извршниот одбор се докторката Ана Данева Маркова, универзитетскиот професор Мишко Ралев, доктор Снежана Захариева, актуелната пратеничка од Кавадарци Даниела Колева, директорката на Инфективна клиника Милена Стефановиќ, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска Серафимовска, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Ивона Кузмановиќ, и поранешниот потпретседател на СДММ Никола Рилак.

Игор Ивановски Шема е назначен за советот кој го најави претседателот на СДСМ Ковачевски, а има за цел креирање и имплементација на политики. Инаку, Ивановски важи за близок до министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак обвинуваат дека изборот на новото раководство на СДСМ од страна на претседателот Димитар Ковачевски е продолжување на Заевизмот, со исти луѓе и исти вредности. Ковачевски е разгласна кутија на заевизмот. Димитар Ковачевски, човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквиот избор од страна на Ковачевски повеќе од јасно е дека СДСМ се уште не е подготвена за промени, и наместо да внеси нова свежина во партијата која притоа изгуби легитимитет по поразот на локалните избори, таа продолжува по старо не сфаќајќи ја сериозно пораката од страна на народот.

Иако Зоран Заев се повлече од функцијата прв човек на СДСМ, со вакви кадри и одлуки од страна на блискиот соработник на Заев и претседател на СДСМ Ковачевски, очигледно е дека Заевизмот во СДСМ продолжува и понатаму. Ако ваков е изборот на Ковачевски за партиските функции, се прашуваме каков би бил изборот за министри во новата влада, која како што најави вчера се очекува да се формира до средината на јануари месец следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…