Заедничка литургија на МПЦ и СПЦ утре во “Св. Прохор Пчински” по повод Илинден
Во манастирот „Св. Прохор Пчински”, покрај одбележувањето на празникот Илинден од страна на државно-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ.
Како што дознава МИА од српски црковни кругови, заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински” со почеток во 8 часот ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ.
Исто така, утре во манастирот „Св. Прохор Пчински” празникот Илинден ќе го одбележат и Македонците од Србија, бидејќи 2 август е државен празник за македонското малцинство во Србија.
Државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински”, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година ќе ја предводи претседателот Стево Пендаровски.
Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински” се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков, како и претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ.
Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…
Поворката со посмртните останки на загинатите од…
СПЦ со сѐ поголема поддршка за српските…
Шест епископи на СПЦ испратија писмо до…
Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие…
Свети великомаченик Георгиј На овој ден се…
Левица: ВМРО-ДПМНЕ во Илинден за викенд обука…
Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека домаќински ќе работи…