Закажана седница на ЦО на СДСМ за составот на новиот владин кабинет
Разговорите и консултациите околу составот на новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик – претседателката на партијата Сања Лукаревска.
Во моментов, претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалициските партнери кои одат во позитивна насока. Сепак, станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и европскиот пат на земјата – посочи Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5.
Осврнувајќи се на персоналните решенија, Лукаревска истакна дека станува збор за проверени кадри кои ќе се вложат во својата работа и ќе испорачаат резултати за граѓаните и државата.
Единствено што можам да потврдам и да кажам за јавноста е тоа дека сите кадри кои ќе бидат вклучени во новиот владин кабинет ќе бидат исправени пред големи предизвици, меѓутоа станува збор за проверени кадри, искусни луѓе кои ќе си ја знаат својата работа и кои ќе носат резултати, ќе реализираат повеќе проекти и ќе се водат според новата владината програма, во интерес на граѓаните – порача Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…