Закажано Вонредно Собрание за избор на нов претседател на ФФМ
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја донесе следната одлука:
– Управниот одбор на ФФМ закажа Вонредно изборно собрание за избор на претседател на Фудбалска федерација на Македонија на 22.12.2024 година;
– На Вонредното изборно Собрание на ФФМ на 22.12.2024 ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател на Фудбалската федерација на Македонија;
Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија:
“После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал.
Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА.
Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот.
Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22. декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник.
Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години”.
Со почит и благодарност, Муамед Сејдини
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Закажано Вонредно Собрание за избор на нов…
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија…
Русија прекина да испорачува гас во Австрија…
Рускиот претседател Владимир Путин повторно ја користи…
„Елегантно“ разрешување на Христовски? Славјанка Петровска за…
Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, изрази…
Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и…
85-годишниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али…
Ако ѝ се дозволи на Украина да…
Употребата на западно оружје со долг дострел…