Закажано судењето против Жан Митрев

t

Советот за оценка на обвинителниот акт го одбобри обвинението против кардиохирургот, Жан Митрев и неговата приватна болница  и за на 28 февруари го закажа првото судско рочиште.

-Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките, соопштија од Кривичниот суд.

Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

Според обвинителството, се прикривале клучни факти и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите, кои се лекувале во болницата

Целта на обвинителството е докажување дека обвинетиот, во случајот Жан Митрев сакал да ги доведе во заблуда за прибавување противправна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ