Заканата со генерален штрајк се исплатеше: Ќе има социјален дијалог за зголемување на платите во администрацијата

t

Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ.

” На средбата се разговараше за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа, и изнаоѓање на начин  за  репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање.” – стои во соопштението на Министерството.

„Ние ќе продолжиме да ги решаваме предизвиците. Јавната администрација ја има нашата поддршка, бидејќи само професионална и задоволна јавна администрација е продуктивна. Социјалниот дијалог и социјалното партнерство мора да постојат, затоа  прашањето за покачување на платите во администрацијата,  ќе го отвориме заедно. Ние ветивме дека ќе го отвориме и прашањето за бодовите во колективните договори “, рече министерката Тренчевска.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ предлагаат покачувањето на платите на административните работници да биде скалесто, бидејќи системот на плати во администрацијата не е поврзан со минималната плата, туку се дел од Законот за административни работници. Во таа насока тие побараа и измени во Законот.


Министерката Тренчевска посочи дека прашањето за покачување на платите во администрацијата ќе го отвори на владина седница, бидејќи стандардот на работниците се приоритет на Владата.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ, сметаат дека вработените во министерствата, агенциите и општините останаа со најмали плати, наспроти покачувањето на платите со колективниот договор во здравството, образованието, културата и во МВР.

Тие сметаат дека треба да има скалесто покачување на платите на вработените во државната администрација, бидејќи системот на плати во администрацијата не е поврзан со Законот за минималната плата, затоа што правата и обврските се регулирани со Законот за административни службеници. Затоа предлагаат измени на Законот за административни службеници.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ побараа во иднина да учествуваат  во договарањето за колективните договори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…