Закани за бизнисмени дека ќе завршат во затвор – „Срамота е за некој кој што се уште не дошол на власт да се заканува“, вели Јакимовски
Градоначалникот на општина Карпош од ГРОМ, Стевче Јакимовски денес на прес-конфренција пред општината соопшти дека партијата на која е лидер ја напушта коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и дека ја прекинува комуникацијата со Христијан Мицкоски.
Како една од причините за напуштање на коалиција тој го напомена рекетот врз стопанственици во општината кој според неговата изјава го вршеле лица од раководоството на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не може некој да си поигрува со мене и со советот на општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на општина Карпош во кој што влегуваат и обични граѓани и стопанственици. Затоа Карпош и јас мораме да им спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицниот градоначалник. Оваа општина и овој народ си избрале свој градоначалник, мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици во општина Карпош. Јас сум градоначалник на сите граѓани и морам а ги штитам интересите на сите, вели Јакимовски.
Напрашање од новинарите Јакимовски уште еднаш потврди дека се рекетирале бизнисмени од страна на опозицијата за работи кои општината е должна да ги заврши, а имало и закани кон стопанствениците дека по промената на власта ќе завршат во затвор.
-Имам поплаки за работи кои што ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме. Има индиции дека некој се обидува луѓето да ги рекетира и упатува закани кон одредени стопанственици. Велат дека кога еден ден ќе дошле на власт тие ќе биле затворени итн. Срамота е за некој кој што се уште не дошол на власт да се заканува, вели Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…