Закани за поставени бомби на повеќе локации во Берлин!

t

Операторот на возот на берлинската железница во текот на ноќта добил заканувачки мејл, соопшти полицијата. Слични закани беа упатени до неколку училишта и медиумски куќи во други делови на Германија.
Полицијата ги засилила силите на Главната железничка станица и ја проценувала опасната состојба. На крајот било констатирано дека патниците не се во животна опасност и дека дојавата за бомба е лажна.


Полицијата, покрај телевизиската станица RTL и Вили Брант Хаус, седиштето на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, исто така беа изложени на закана за бомба.
Во понеделникот и вторникот беа упатени закани до бројни училишта низ Германија, како и до радио станиците и јавната телевизија ЗДФ.
Последните денови безбедносната ситуација во Германија е тензична поради војната во Израел, а зголемен е и степенот на заштита на објектите кои припаѓаат на еврејската заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Омилената новинарка на Путин“: Ако ја нападнат…

Маргарита Симонијан, главна уредничка на „Русија денес“,…

Момче избодено во основно училиште во Берлин,…

Дванаесетгодишно момче е тешко повредено денеска при…

Жител на Боговиње нашол бомби кашикари во…

Работејќи го земјиштето, жител од Боговиње нашол…

Дојави за бомби во речиси сите училишта…

Во речиси сите основни и средни училишта…

Голем број дојави за подметнати бомби во…

Голем број дојави има за поставени бомби…