Закани наместо дијалог: Белград пред нова ескалација, анализа на германските медиуми
Протестите во Србија добиваат нова ескалација.
По серијата антивладини протести низ Србија, претседателот Александар Вучиќ најави дека државата ќе се справи со демонстрантите со „остра пресметка“, пишува германскиот јавен сервис ZDF.
поред нив, Вучиќ ги нарекол протестантите „терористи“ и на прес-конференција во недела изјавил: „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да го вратиме законот, мирот и редот.“
„Правна и формална рамка“ за одговорот на државата
Во извештајот Вучиќ е опишан како „десничарски политичар“. Тој додал дека на неговата влада ѝ се потребни неколку дена за да подготви „правна и формална рамка“ за одговорот на државата, најавувајќи дека мерките ќе бидат „сосема различни од она што сме го виделе досега“. Сепак, тој нагласил дека прогласување вонредна состојба не се разгледува.
Пет ноќи судири и насилство на улиците
Списанието Штерн известува дека во Белград и други градови веќе пет ноќи по ред доаѓа до насилни судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите.
„Србија со месеци доживува редовни, насилни протести против владата и корупцијата што е широко распространета во земјата,“ наведува германскиот магазин.
Причина за избувнувањето на последниот бран протести, според извештаите, било уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица. Протестите првично беа насочени кон утврдување на одговорноста за трагедијата, но потоа – предводени главно од студенти – се проширија во поширока реакција против владата и корупцијата.
„Шпигел“: Судири во Белград и Нови Сад
Според Шпигел, опозициските демонстрации продолжиле и во недела навечер во повеќе српски градови. Во Нов Белград полицијата ги запрела демонстрантите кои се обидувале да маршираат кон седиштето на владејачката Српска напредна партија (СНС), а судири биле пријавени и во Нови Сад.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, доцна вечерта соопштил дека еден жандарм е повреден и дека 18 демонстранти се уапсени. Српските власти, сепак, не дале информации за бројот на повредени граѓани.
Од ненасилни протести до ескалација
Извештајот потсетува дека протестите до минатата среда биле претежно мирни. Но, од самиот почеток, тие биле таргетирани од организирани и понекогаш маскирани поддржувачи на Вучиќевата власт. „Овие напади ретко беа санкционирани,“ пишува Шпигел.
Независните медиуми во Србија, пак, укажуваат дека сегашната динамика на насилни немири – од кои дел биле предизвикани и од самите демонстранти – е последица на фрустрацијата на граѓаните поради неактивноста на институциите и толерирањето на насилството од страна на провладините групи.
Европска загриженост за полициската реакција
Шпигел го завршува својот извештај со потсетување на реакцијата на Мајкл О’Флаерти, комесарот за човекови права на Советот на Европа, кој минатиот петок изрази длабока загриженост поради „несразмерната употреба на сила“ од полицијата во Србија. Тој ги повика властите да ги прекинат произволните апсења и да преземат чекори за деескалација на кризата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Закани наместо дијалог: Белград пред нова ескалација,…
Протестите во Србија добиваат нова ескалација.По серијата…
ДПА нема да учествува на изборите –…
Локалните избори се маскарада. Демократската партија на…
Османи најавува транспарентна општина Чаир, ќе му…
Чаир да стане транспарентна општина, а вештачка…
Амбасадорот на САД: НАТО нема да биде…
Секакви безбедносни гаранции за Украина во врска…
Масовна тепачка во Скопје: „Летале“ даски и…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…