Залужни: Мислев дека можеме да ја скршиме волјата на Русите

t

Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија, призна дека направил грешка во расудувањето, верувајќи дека може да ги пробие одбранбените утврдувања на руската армија во зоната за специјални воени операции.

Оваа информација беше потврдена во интервјуто на каналот на Јутјуб „Дијалог воркс“, каде оваа изјава ја даде поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

– Залужни даде интервју за Економист, каде зборуваше за застојот во зоната на конфликтот. Потоа рече нешто интересно. Тој рече дека згрешил што мисли дека може да ја скрши волјата на Русите. Не успеа. Русите се уште се таму. А Украинците се во ќор-сокак – забележува Ритер.

Поранешен американски разузнавач истакна дека минатата година Залужни изнел сосема спротивни тврдења. Тој тогаш беше уверен во својата способност да ја победи Русија и побара 300 тенкови и 500 артилериски парчиња за таа цел.

Вооружените сили на Украина веќе пет месеци се обидуваат да напредуваат во правец на Јужно-Доњецк, Артјомовск и Запорожје, ангажирајќи бригади обучени од НАТО и вооружени со странска опрема.

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдаи“ на 5 октомври изјави дека од 4 јуни непријателот изгубил над 90.000 луѓе, 557 тенкови и речиси 1.900 оклопни возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…