Залужни предупреди на можноста од руска употреба на нуклеарно оружје

t

Командантот на украинската армија предупреди на можноста од руска употреба на нуклеарно оружје, што ќе создаде ризик од ограничен нуклеарен конфликт со другите сили.

Врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, напиша статија за украинската државна новинска агенција Укринформ, во која даде детална оценка за актуелниот тек на војната.

Залужни пишува дека постои „директна закана“ од можна руска употреба на тактичко нуклеарно оружје, што би имало големо влијание врз релевантното одлучување.

Друг фактор кој влијае на идните одлуки е директната закана дека Русија, под одредени околности, ќе користи тактичко нуклеарно оружје, се наведува во написот.

Украинскиот генерал потоа додава дека борбите на територијата на Украина веќе покажале колку Руската Федерација ги игнорира прашањата за глобалната нуклеарна безбедност дури и во конвенционална војна.

„Тешко е да се замисли дека дури и нуклеарни напади ќе и овозможат на Русија да ја скрши волјата на Украина за отпор. Но, не може да се игнорира заканата што ќе се појави за цела Европа. Исто така, можноста за директно вклучување на водечките светски сили во „ ограничен нуклеарен конфликт, што ги зголемува шансите за трета светска војна“, се вели во написот.

„Секој руски обид да преземе практични чекори кон употреба на тактичко нуклеарно оружје мора да биде спречен со користење на целиот арсенал на средства на располагање на светските сили“, додаде тој.

„Од тој момент Руската Федерација ќе стане не само закана за мирниот соживот на Украина, нејзините соседи и голем број европски земји, туку и навистина терористичка држава од светски размери“, заклучува украинскиот генерал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…