Објавено на:

Залужни: Украина не може да ги врати своите границите

t

Украина треба да се откаже од обидите да ги врати своите граници воспоставени по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, изјави поранешниот украински воен командант.

Валери Залужни, украинскиот амбасадор во Лондон, беше разрешен од функцијата врховен командант на армијата во февруари 2024 година по неколкумесечни несогласувања со претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски и други функционери долго време повикуваат на протерување на руските сили и враќање на границите на Украина од 1991 година, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

– Се надевам дека во оваа просторија нема луѓе кои сè уште се надеваат на некое чудо или среќен знак што ќе донесе мир во Украина во границите од 1991 или 2022 година или на некоја голема среќа што ќе се случи подоцна, рече Залужни, како што објави новинската агенција РБК Украина.

– Моето лично мислење е дека непријателот сè уште има ресурси, сили и средства да продолжи да ја таргетира нашата територија и да се обидува да извршува одредени офанзивни операции, додаде Залужни.

Анкетите покажуваат дека Залужни е еден од најпопуларните украински политичари, според светските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…