Залужни: Украина ја презема стратешката иницијатива на бојното поле!

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили изјави дека украинските сили успеале да ја преземат стратешката иницијатива на бојното поле.
„Разговаравме за ситуацијата на целата линија на фронтот. Украинските сили успеаја да ја преземат стратешката иницијатива, безбедносните и одбранбените сили на Украина продолжуваат со офанзивните операции, имаме напредок“, напиша Залужни на Телеграм, пренесува „Укринформ“.
Тој додаде дека руските војници даваат силен отпор, но во исто време претрпуваат големи загуби.
Дополнително, непријателот се обидува да се задржи на позициите до кои стигнал поради континуираното минирање на теренот.
Залужњи зборуваше и за итните потреби на Украина од оружје, муниција и опрема за деминирање.
„Му се заблагодарив на пакетот за воена помош што САД го објавија во вторникот. Се договоривме да останеме во контакт и да ги координираме акциите за ослободување на украинската територија“, рече тој.
Како што јави украинската агенција, Залужни изјавил дека украинската офанзивна операција продолжува според планот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…