Заменикот и пушел во ресторан, албанската министерка за внатрешни работи го разреши
Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан.
Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.
Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.
-Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност, пишува Кочиу.
Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.
-Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи, додава таа.
Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска ги отвора граничните премини со Белорусија
Полска повторно ги отвори граничните премини со…
Заменикот и пушел во ресторан, албанската министерка…
Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу,…
Тимови од Пулмологија ќе вршат бесплатен скрининг…
Жителите на Трубарево утре и задутре ќе…
Скопјанец ја оставил својата малолетна ќерка да…
На 22.09.2025 година во 10:45 часот од…
Усвоена информација за склучување на договор за…
Владата на денешната 114 редовна седница ја…