Заменик министерот во МВР на средба со претставници на чешката служба за внатрешна контрола

t

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени денеска во МВР ги прими директорот на Генералниот директорат на безбедносните сили (ГИБС) на Чешка, Хендрих Вит придружуван од заменик директорот на ГИБС, Петар Хвистек и полковник Андреа Шторхова, кои се во дводневна работна посета на македонското МВР, односно на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ.

На средбата заменик министерот Исени, поздравувајќи ги гостите од Чешка, ја потенцираше досегашната извонредна билатерална соработка меѓу полициите на двете земји оценувајќи ја како партнерска и крајно конструктивна, особено во делот на поддршката на нашите напори за исполнување на бараните европски стандарди и критериуми во насока на целосно интегрирање на земјата во ЕУ. Воедно, токму соработката меѓу специфичните организациони единици за внатрешна контрола на двете полиции беше потенцирана како еден од многуте конкретни и практични примери за успешното меѓусебно разбирање и партнерство во остварување на заедничките интереси.

Инаку, ГИБС е институција која врши контрола над работата на полициски службеници, припадници на затворска полиција, судска полиција и царинска управа на Чешка, и деновиве заедно со домаќините – нашите припадници на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, имаа плодни работни средби во кои што, меѓу другото, фокусот беше ставен на развивање и продлабочување на соработката меѓу двете служби на полето на остварување на внатрешна контрола на работниците и сузбивање на криминалот во редовите на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…