Заменик МНР на Полска ја обвини Германија дека индиректно ја предизвикала војната во Украина!
Полска ја обвини Германија дека таа индиректно ја предизвикува војната во Украина, обидувајќи се да го одложи влезот на последната во НАТО, како одговор на изјавите на германскиот министер за одбрана.
Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Пјотр Ваврзик, во интервју за полската новинска агенција ПАП, го критикуваше германскиот министер за одбрана Борис Писториус за неговите изјави за германскиот канал ЗДФ, во кој изјави дека „вратата е отворена“ за влез на Украина во НАТО, но „не е време за донесување одлуки“
„Ако Германија не го пресмета времето како што го прави сега, ако не се обидеше да го одложи влезот на Украина во НАТО и ако Украина беше поканета да и се приклучи на Алијансата пред многу години, денес немаше да има војна во Украина“додаде Ваврзик.
За време на интервјуто, тој ја повтори позицијата на Полска за пристап на Украина во НАТО и ги обвини „западноевропските земји, Франција и Германија“ дека се „генерално секогаш против членството на Украина во Европската унија или НАТО“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, минатата недела го посети украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ја одбележа неговата прва посета на Киев од почетокот на војната. Таму ја покажа својата поддршка за членство во Алијансата и инсистираше на тоа дека Украина „има место во НАТО“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…