Објавено на:

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека дефинитивно не е сам, пишува Си-ен-ен

t

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит со повеќе од десетина светски лидери. Тоа е јасен сигнал од рускиот автократ дека не само што не е изолиран, туку дека зад него стои моќна коалиција на земји, пишува Си-ен-ен.

Тридневниот самит на БРИКС, кој почнува денеска во југозападниот руски град Казан, е првиот состанок на групата големи економии во развој: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Бидејќи коалицијата беше проширена претходно оваа година, ќе има и претставници на Египет, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија и Иран.

Меѓу лидерите се очекуваат премиерите Си Џинпинг од Кина и Нарендра Моди од Индија, претседателите Масуд Пезешкијан од Иран и Сирил Рамафоса од Јужна Африка, како и оние надвор од „клубот“, како што е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Се очекуваше да му се придружи и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, но го откажа патувањето откако се повреди дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западот сака да го изолира Путин, тој…

Скоро три години откако руската инвазија на…

Маск основа мистериозна корпорација која има име…

Републиканскиот мегадонатор Илон Маск тивко основал две…

Исчезна маж од Струга: Отишол да бере…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

(Видео) Наместо на прес конференција, замина во…

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на…

Почнаа минусните температури, во овој град утрово…

Денеска за прв пат беа измени минусни…