Запленети илјадници парчиња пиротехника во Скопје и во Куманово, приведени се три лица
Полицијата во две одделни акции на подрачјето на Скопје и Куманово, запленила големо количество на пиротехнички средства.
На подрачјето на Бит-пазар во Скопје единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по преземени оперативни мерки на улица „192“, пронашла и одзела околу 6 000 различни парчиња пиротехнички средства. За случајот е известен јавен обвинител, а против лицата што ја продавале ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Истовремено, во Куманово полицијата приведе три лица откако пронашла пиротехнички средства.
На Зелениот пазар во Куманово на улицата „Трета македонска ударна бригада“, во тезга сопственост на 39-годишниот А.А. биле пронајдени над 420 парчиња пиротехника.
На улицата „11 Октомври“, кај 21-годишниот М.В. при преглед на автомобил „сеат леон“ биле откриени 32 парчиња, а кај 28-годишниот Е.Џ. од селото Лојане, во возило „мазда“, полицијата запленила уште 150 парчиња.
Сите лица се задржани во полициска станица. Од МВР најавуваат дека по комплетно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети илјадници парчиња пиротехника во Скопје и…
Полицијата во две одделни акции на подрачјето…
Млади Романци ограбиле златара во Скопје
На 30.12.2025 во 12:10 часот во трговски…
Тамара, Каролина, Миле Кузмановски, Дина Јашари, Куку…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои…
Му се заканиле со нож и му…
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…