ЗАПЛЕНЕТИ ИНЈЕКЦИИ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА НА ДЕВЕ БАИР: Косовец сакал да ги пренесе од Истанбул до Пеќ
Царината заплени раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца на граничниот премин Деве Баир.
На влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење.
„На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство“, соопшти Царината.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Овој дел од лубеницата е корисен за…
Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…
(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…
Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…
Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…
Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…
Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…