Запленети поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, двајца уапсени
Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово
При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети поголема количина цигари без бандероли и…
Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски…
Македонски контингент испратен на воена вежба во…
Македонски контингент од околу 280 војници со…
Доктори од странство ќе проверуваат дали во…
Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе…
Трамп „миротворецот“ се откажал од организирање средба…
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се…
До 13 часот, 11 пожари на отворен…
До 13 часот денеска во земјава регистрирани…