Запленети 283 килограми шверцуван тутун
Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера (27.04.) во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“ согласно КЗ на РСМ.
Имено вчера околу 07,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, ,,Шкода Октавија“ и „Ауди А6“ кои што напоредно се движеле по патот. На знак „стоп“ возилото „Шкода октавија“ не запрело ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот.
Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари. По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „Ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје.
На лице место извршен е увид од страна на инспектори од ОПКМСР при РЦ за ГР Југ и НК за КР при ОВР Неготино. По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за лицата кои пренесуваа…
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…
Српската царина заплени 19 тони шверцувани парфеми
Српската царина завчера при преглед на стока…
Трамп вечерва одлучува дали ќе воведе царини…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Приведени 9 лица, меѓу нив и малолетник,…
Полицијата и државниот пазарен инспекторат затекнаа неколкумина…
Трамп презема мерки: Најави воведување царини за…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…