Запленети 98 илјади евра на ГП „Богородица“
Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата.
На 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патниците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени 4 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп лента во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.
Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени.
Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените и на храната и пијалоците во…
Цените во Охрид уриваат рекорди. И на…
Толку беше од линеарното покачување, од септември…
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовка појасни…
(ВИДЕО) Јакимовски: Конечно по 10 години, ќе…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од…
Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во…
„Според нашата проценка, се очекува насилството да…
Ужас во Пехчево: Млада жена турната низ…
Во објектот на Центарот за социјални работи…