Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција во Москва!
Западните тенкови и воената опрема запленети од руските сили во Украина завршија изложени во Москва, што според руската војска покажува како помошта од Запад не може да ја спречи Русија да победи во војната.
Долги редици се формираа на сончевиот Меѓународен ден на трудот на влезот на изложбата „Трофеи на руската армија“, која се одржува пред Музејот на советската победа над нацистичка Германија во 1945 година.
„Историјата се повторува“, објави руското Министерство за одбрана, потсетувајќи дека и Советскиот Сојуз организирал изложба на конфискувани германски тенкови и воена опрема во 1943 година.

Изложбата во Москва, на која беа прикажани американски, германски и француски тенкови испратени во Украина, доаѓа само неколку дена откако САД гласаа за пакет воена помош од 61 милијарда долари за Киев. Се одржува во време кога Русија остварува воени придобивки во источна Украина, а украинската армија се жали дека им недостига муниција и војници.
Изложени се и британски и австралиски оклопни возила запленети во Украина, заедно со воена опрема произведена во Турција, Шведска, Финска, Јужна Африка и Чешка.
Првиот канал на државната телевизија објави дека ѕвезда на изложбата е запленетиот американски борбен тенк М1 Абрамс, кој беше онеспособен од руските сили во источна Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…