Започнат е процес на консултации за усогласување на заеднички став на ЕУ за преговарачката рамка, вели Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу извадокот од предлог преговарачката рамка која во јавноста беше објавена, истакна дека е започнат процес на консултации меѓу земјите членки.
„Мислам дека опозицијата се обидува да создаде атмосфера пред нивниот протест за да влечат некој човек повеќе. Мислам дека досега не се покажаа кредибилни во оние нивните ставови и извори. Тоа што можам јас да кажам е дека започнат е процес на консултации помеѓу земјите членки пред да се усогласи став на сите земји членки во однос на процесот понатаму за да може да стигне кај нас за да ние ги анализираме тие предлози и дадеме наши забелешки доколку има такви забелешки“, порача Османи.
Според него, француското претседателство дава предлози кои ги лиферува до сите земји членки.
„Секоја земја членка може да даде забелешки вклучувајќи ја и Република Бугарија. Атмосферата во Р. Бугарија сите сме сведоци каква е, затоа јас не би влегол во коментари на различните предлози бидејќи сметам дека е прво важно да ги слушнеме ставовите на сите земји членки, а отпосле ќе ги кажеме ние нашите ставови“, вели Османи.
Тој додава дека не сериозни се овие обиди на опозицијата да го стави овој важен процес за државата, во еден сензитивен период, во функција на партиските активности утре или задутре.
„Тоа што може опозицијата да го направи во интерес на државата и граѓаните е да ни се обрати, да комуницира, да понуди помош. Ние ќе ги споделиме сите информации што ги имаме со нив затоа што сметаме дека ова прашање ги надминува рамките на едни политички партии, рамките на Владата туку ги засега сите граѓани, ја засега државата“, додава Османи.
Извор: ТВ 21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…