Објавено на:

ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА БИСТРА ВОДА – НОВА МАКЕДОНСКА СЕРИЈА, ЕДНА ОД НАЈАМБИЦИОЗНИТЕ ДОСЕГА

t

Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези денеска почна снимањето на „Бистра вода“ – новата серија во македонска продукција. Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи.

Ова е првата серија по подолго време во земјава во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма.

Актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од сите генерации меѓу кои е Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Васил Зафирчев, Александар Микиќ, Роберт Вељановски, Зоран Љутков, Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Горан Стојановски, Маја Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Рубенс Муратовски, а од помладите Дамјан Цветановски, Ирена Илиевска, Ана Јовановска и други.

Актерската екипа брои повеќе од 100 актери. Серијата ќе се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата. Почетокот на емитувањето на серијата ќе биде во средината на септември оваа година на телевизија Алфа.

Како што соопштија од „Синемон медиа фактори“, приказната во серијата е современа, исклучително актуелна, разработувајќи многу сегменти од општествениот, политичкиот и културниот живот во нашата држава последниве неколку декади, а ќе изобилува со карактери, односи и настани кои силно ја рефлектираат денешницата, блиското минато, а реферираат и на едно подалечно минато на македонскиот народ.

-Кога актерите и соработниците го прочитаа сценариото првата реакција им беше дека било многу актуелно и дека во целост ја изразува реалноста на Македонија денес, тука и сега. Јас не се радувам на тоа затоа што ова сценарио е напишано пред 12 години. Кога сум го пишувал тогаш, наводно, реалноста била поинаква. Значи во една декада не се променило ништо во Македонија. Инаку да, се работи за трилер, драма, криминална трагедија која зборува за тоа како едно семејство во Македонија после четириесет и пет години разделби и омраза, на крајот ќе ги победи сите непријатели, ќе ги надмине своите недоразбирања ќе ги разоткрие старите семејни тајни и на крајот ќе се обедини и ќе живее среќно. Наспроти друго семејство кое после хаос и меѓусебни недоразбирања и нетрпеливости ќе се распадне и ќе заврши на дното, изјави Јани Бојаџи за серијата.

Проектот е започнат пред 12 години како идеја на Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Јани Бојаџи и Владимир Карпузовски, а е развиван и подготвуван последните неколку години.

Од „Синемон медиа фактори“ посочија дека овој серијал е меморија и во чест на соработникот на серијата и содружник Љупчо Тодоровски Упа кој не го дочека снимањето, а улогата кој тој првично требаше да ја игра сега ја има неговиот најблизок колега и пријател, македонскиот актер и продуцент Симеон Мони Дамевски.

Асистент режисер на серијата е Никола Поповски, Втор асистент на режија и продукциски координатор Максим Илковски, директор на фотографија е Кристијан Караџовски, композитор е Игор Василев – Новоградска, тон снимател Валентин Виденовиќ, костимограф Невенка Тодоровска, сет дресер е Гоце Попов, соработници на сценаријата се Александар Русјаков и Весна Куслеска, драматург е Мона Паскалова, извршен продуцент е Дејан Милошевски, асоцијативен продуцент Игор Соколовски и Владимир Карпузовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…

Морам да напоменам дека обраќањето не беше…

Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…

Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…

Ватикан: Што значи Светата година 2025?

Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

Jа клоцал, ја влечел за коса па…

Полицијата во Земун го уапси С. Н.…