Започна состанокот на работната група меѓу Бугарија и Македонија

t

Во бугарското Министерство за регионален развој започна состанокот на работната група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето помеѓу Македонија и Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Состанокот го отвори бугарскиот вицепремиер и министер за регионален развој Гроздан Караџов. Тој на гостите им порача дека можат да сметаат на целосна соработка за развој на билатералните односи во вистинска насока и со уште поголема брзина.

Министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, пак, истакна дека Работната група за поврзување, транспорт и енергија е посветена на иднината и ќе даде шанса за развој не само на двете држави, туку и на Балканот и цела Југоисточна Европа.

Денеска во Софија и утре во Скопје работната група прави се за да им помогне на граѓаните на двете земји и нивната заедничка иднина, да им овозможи на економиите да бидат посилни и да имаме подобра и модерна инфраструктура и да се реши енергетското поврзување, рече Бочварски.

Очекувам, дополни тој, дека ќе продолжиме и утре во Скопје да изнаоѓаме решенија за сите важни теми во секторот.

Министерот за локална самоупра Горан Милевски претходно изјави дека во Софија разговарал за уште посериозна прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, особено помеѓу градоначалниците, општините и здруженијата во двете држави и отворањето на регионалниот граничен пункт Клепало, што е многу важно за луѓето од двете страни на граница.

Мислам дека периодот што следува ќе биде продуктивен и ќе започнат активности за да се реализира отворањето на овој граничен пункт, рече Милевски.

Тој потсети дека во 2019 година беше потпишан меморандум меѓу двете министерства, но оти досега не е направено ништо. Се надевам, потенцираше, дека граѓаните на двете земји ќе ги искористат економските придобивки од она што ќе се постигне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…