Започнува Пиволенд – Еве кој сè настапува
Започнува 13-тото издание на најстариот и единствен градски пивски фестивал Пиволенд, од 16-ти до 19-ти октомври со почеток од 18 часот, среда, во Паркот на Франкофонијата.
Фестивалот кој се одржува од 2009-та година ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови, индустриско и занаетчиски пиво од Македонија, балканот и светот, вкусна храна и мезе како и повеќе од 30 музички групи, артисти и диџеи. Предвидена е и детска програма во Сабота кога и фестивалот започнува порано од 12:00 часот, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата Ентерпрајз и Мјузик Лаб.
Четири дена Скопје ќе пулсира во ритамот на македонската музичка сцена, рокенрол, реге, поп, блуз, панк, метал и хип хоп, кавер бендови, млади бендови на една сцена со една мисија да го направат 13-тото издание незаборавно.
Легендите на македонската панк музика Бадмингтонс, Морал, Паркети, Куку Леле, ска панк легендите од Бугарија – Викеда, Бело Копче – трибјут на Бело Дугме, Д ДАЛТОНС, Пичвајз, Занаду, Деменси, Огнен Здравковски, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат скопјани и другите посетители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Започнува Пиволенд – Еве кој сè настапува
Започнува 13-тото издание на најстариот и единствен…
Велика Британија и Франција свикаа итен состанок…
Велика Британија и Франција свикаа итен состанок…
Македонски државјанин предводел терористичка група во Австрија,…
Maкедонски државјанин водел терористичка група во Австрија…
Заталкан куршум оштетил автомобил паркиран во двор…
На 15.10.2024 во 08.15 часот во СВР…
„Тоше ни недостасува секој ден“: Во Крушево…
Бројни поддржувачи и почитувачи на Тоше Проески…