Започнува реконструкцијата на Ургентниот клинички центар

t

Од ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека во текот на овој викенд почнуваат активностите за реновирање на Ургентиот хируршки центар и тие зафати ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца.

Од Ургентниот центар информираат дека ќе функционираат непречено со дежурни тимови во текот на целото деноноќие, но со помал обем и пациентите кај кои е неопходна итна здравствена услуга ќе бидат соодветно згрижени. Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што времено ќе се преадаптира во Ургентен центар, соопшти Министерството за здравство.

Согласно планот, во случај на зголемен број пациенти за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар, предвидено е сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница „8-ми Септември“, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во меѓувреме, во кругот на Ургентен центар се преземат активности за соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патека на движење за возилата на Итната медицинска помош до главниот влез на хируршките клиники од страната на Универзитетската клиника за стоматологија.

Исто така, со цел обезбедување соодветен транспорт, обезбедено е посебно болничко транспортно возило, кое ќе биде достапно за пациентите на хируршките клиники, по потреба за транспорт до останатите клиники, најчесто до Институтот за радиологија (лоцирано на влезот од страната на УК за стоматологија), посочуваат од Министерството за здравство. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

Старец од 85 години нападнал вработен во…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.В.(85)…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…