Започнува cyдењето за Рашковски – се гони за нелегaлнa набавка на софтвер и пepeње пapи
Судскиот процес против поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, обвинет за нелегална набавка на софтвер и перење пари се очекува да почне во текот на јануари, откако Кривичниот суд информира дека е прифатено обвинението кое опфаќа вкупно седум лица.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година го поднесе обвинението кое, како што информира Кривичниот суд е оценето и одобрено во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт.
Како што е наведено во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ, што по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.
По вака одобреното обвинение, како што посочуваат од Судот, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…
Министерот за правда во Франција обвинет за…
Во Франција денеска почна судењето без преседан…
Доналд Трамп денеска во Њујорк сведочеше под…
Во судот немало камери, но новинарите известуваат…
Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…
Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…
Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…
МВР поднесе кривични пријави против две лица…