Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Алта Банка

t

Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донела решение со кое постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на српската Алта Банка се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација.

Комисијата ја информирала Стопанска банка Битола за оваа решение (донесено на седница на 19. август), вчера.

Алта Банка е дел од Алта Гроуп ДОО Белград, а српската Банка треба да добие дозвола за понуда за преземање од страна на КХВ.

-Во конкретниот случај, преземачот во барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка АД Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка АД Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација, велат од Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени хрватски воен пилот и неговата партнерка…

На островот Вис уапсени се пилот на…

16 пожари на отворен простор, три од…

На ден 27.08.2025 година, до 20:30 часот…

Димитриеска-Кочоска: Растот на платите го надминува растот…

27 август Скопје- Инфлацијата е предизвик низ…

Во петок средба на украинската и американската…

Украинската делегација ќе се сретне со тимот…

Израел бара повлекување на извештајот на ОН…

Министерството за надворешни работи на Израел објави…