Запрени градежните работи на делницата Скопје – Блаце, имало многу сообраќај

t

Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември.

Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се избегнат застоите, а се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот кои ја користат оваа делница. Изведувачот на работите, Гранит-Скопје, привремено ќе ги стопира градежните активности на рехабилитација на тунелот, при што за време на прекинот сообраќајот ќе се одвива нормално, а не под посебен режим, соопштуваат од Јавно претпријатие за државни патишта.

Работите на овој дел од државниот пат ќе продолжат на почетокот на месец септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…