Заради прекин во снабдувањето со струја Украина привремено прекинува дел од планраните операции
Украинското Министерство за здравство соопшти дека побарало од своите регионални претставници да размислат за привремено прекинување на планираните операции додека не се стабилизира ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија.
Во последните недели, руската војска изврши осум серии воздушни напади врз критичната инфраструктура кои сериозно го погодија енергетскиот систем на Украина и доведоа до вонредни прекини на струја низ целата земја.
Министерството за здравство денеска соопшти дека болниците ќе продолжат со итна помош, но планираните операции ќе бидат привремено прекинати за да се олесни товарот на здравствениот систем во случај на евентуални идни прекини на електричната енергија.
„Планираните операции ќе продолжат кога ќе се стабилизира состојбата околу снабдувањето со електрична енергија“, додаваат од Министерството.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…