Засега ниту една жена не е дел од кабинетот на Силјановска: Познати се четворица нови членови

t

Повеќемина од клучните позиции на кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова веќе се познати.  Генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров кои беа во кабинетот на претходниот претседател Стево Пендаровски се веќе разрешени. На нивно место ќе бидат Ѓорги Божинов за нов генерален секретар, а заменик ќе биде новинарот Горан Момироски. Надворешен советник на претседателката Силјановска Давкова ќе биде и професорот Жидас Даскаловски, како и експертот за европски интеграции Златко Јанковски. 

Засега, на клучна позиција во тимот на Силјановска Давкова не е назначена ниту една жена. Претседателката повеќе пати за време на кампањата изјавуваше дека ќе биде опкружена со жени во нејзиниот кабинет.

На инаугуративна седница во Собранието, Гордана Силјановска-Давкова за стапување на функцијата претседател на Македонија во мандатниот период 2024 – 2029 таа истакна, дека жените се оние заради кои се нафатила да се кандидира за оваа должност и сака да ги инспирира дека е можно во земјава и жена да стане претседател на државата.

Наскоро се очекува да биде познат целиот тим на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Инаку, веб-страницата на Претседателот на Републиката не е функционална во моментов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борис Џонсон го менува Кабинетот во обид…

Борис Џонсон вечерва ги објави новите началници…