Засилени безбедносни мерки во Република Српска поради пукањето кај Лозница
Полицијата на Република Српска ги засили безбедносните мерки во граничниот појас кон Србија по престрелката во која загина српскиот граничен полицаец Никола Крсмановиќ, а Вјекослав Илиќ беше тешко ранет.
Престрелката се случила во полициската станица во градот Липнички Шор, кај Лозница, кога двајца гранични полицајци запреле возило со турски регистарски таблички чии сопатници, двајца мажи, биле сомнителни. Се било во ред додека полицајците не побарале од едно од лицата да ја отвори торбата, при што тој извадил пиштол и пукал кон полицајците.
Полицаецот Никола Ксмановиќ бил застрелан во градниот кош и од здобиените повреди починал во болница, а неговиот колега Вјекослав Илиќ бил тешко ранет и бил примен во Општата болница во Лозница.
На местото на настанот се пронајдени документи на име на Артан Хајризи и постои сомневање дека тој е лицето кое пукало во полицајците.
Се претпоставува дека Хајризи, Албанец од Косово, се обидел илегално да ја помине границата и не се знае дали успеал да ја помине Дрина. Поради престрелката во која загина еден српски полицаец, зголемени се безбедносните мерки и во Шемберија во Република Српска.
„Полицајците се вооружени со долги цевки и се во процес на проверка на зградите покрај Дрина каде што е можно да се сокрие осомничениот, иако засега нема информации дека ја преминал границата“, изјави извор од Република Српска за порталот Нова.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
„Скандинавскиот” премиер балкански манипулира – му порачаа…
Независните граѓански иницијативи ја искоментираа денешната изјава…
Вселенскиот брод „Спејс Екс“ експлодирал за време…
Дел од базата на SpaceX во Тексас…
Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…
Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…
Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…