ЗАСИЛЕНО ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА КОЈ ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА: Ужасните инциденти во Србија го вклучија алармот и во Македонија
Протоколите за безбедносна проверка за влез и излез на учениците во училиштата и во околината од училиштата, кои беа воведени по лажните дојави за бомби, сега ќе бидат засилени со дополнителни активности од страна на МВР.
Тоа е една од превентивните мерки на Министерството за внатрешни работи што е поддржана на денешната седница на Владата.
Седница ја започна со едноминутно молчење и оддавање почит кон жртвите во двата ужасни инцидента, што се случија во Република Србија, во Белград и во близина на Младеновац.
Од страна на Министерството за образование и наука е информирано дека се изготвува прирачник за училиштата за постапување по однос на превенција од врсничко насилство и други видови насилство, како и дека се работи и на зајакнување на стручните психолошко – педагошки служби, таму каде има потреба.
Воедно, од денеска е отворена и електронска адреса [email protected], или на албански [email protected] каде што едноставно, со една порака ќе се пријавува врсничко насилство и по секоја пријава ќе се постапува веднаш.
Исто така, разгледани се можностите за одржување средби помеѓу задолжени екипи на МВР и педагозите и психолозите во училиштата, според предвидена динамика, со цел да се придонесе во пријавувањето евентуално врсничко насилство, или други видови проблеми од надлежност на министерствата за внатрешни работи и за образование и наука.
На владината седница задолжени се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи да изготват Стратегија за превентивни активности, со чекори на државно ниво по којашто ќе бидат задолжени да постапуваат сите училишта, со цел рана превенција и заштита од несакани инциденти во училиштата и надвор од нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…