Објавено на:

Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола милион жители без струја, вода и греење

t

Русија го нападна енергетскиот систем на Украина и градовите во источниот регион со крстаречки и балистички ракети во средата наутро, соопштија украинскиот министер за енергетика и локалните власти.

Најмалку шест лица се ранети во средата наутро во ракетен напад врз Харков во североисточна Украина, изјави градоначалникот Ихор Терехов.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Харков бил нападнат со балистички ракети, а регионалниот гувернер Олех Синијехубов на апликацијата Телеграм изјави дека „цивилната станбена инфраструктура е оштетена“.

Малку подоцна Синиехубов ја потврди застрашувачката вест – половина милион луѓе во вториот по големина украински град останаа без струја, а дури 520.000 граѓани без греење и вода!

– Правиме се за да се нормализира ситуацијата што е можно поскоро, додаде гувернерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…