Затворена сендвичарница во Аеродром поради присуство на салмонела
Сендвичарница во Аеродром е превентивно затворена по извршен инспекциски надзор, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на АХВ во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера спровеле вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.
Основ за вонредната инспекциска контрола се пријавени 9 случаи, од кои 5 лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна).
При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки.
За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се 5 мостри од храна и тоа мајонез, кечап, стек, плескавица и марула, 4 бриса од работни површини и опрема, и 3 од вработените лица. Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна се до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи, темелно механичко и хемиско чистење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…
Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…