Затвореник нападнал полицаец бидејќи издал наредба да му се одземе телефонот

t

На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.

Според пријавеното, истиот ден околу  9.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство.

Потоа со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина. За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хероин пронајден кај затвореник во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(26)…

Затвореник избегал од кумановскиот затвор, полицијата го…

Полициски службеници од СВР Штип вчера околу…

Како на филм: Избоден затвореник во затворот…

„На 19.08.2022 во 18.00 часот во СВР…

Во Дивиот запад ништо ново – Во…

Денеска (26.05.2022), полициски службеници од Единицата за…