Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со нож нападнал скопјанец

t

43-годишен осуденик од затворот Идзризово кој користел слободен викенд бил приведен вчера попладне бидејќи со остар предмет нападнат 34-годишен скопјанец.

-На 23.03.2024 во 15.40 часот на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле до слобода И.Н.(43) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а користел викенд отсуство. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот физички го нападнал Б.З.(34) од Скопје и се обидел да го нападне со остар предмет, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кај него бил пронајден остриот предмет. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се степале затвореници во Идризово

На 05.03.2025 во 15.40 часот во СВР…

Во „Идризово“ почина затвореник

– На 25.02.2025 во 16:20 часот во…

Во затворот Идризово пронајдени пари и мобилни…

Казнено-поправната установа Затвор Идризово синоќа во 20.00…

Пронајдена дрога во „Идризово“

Скопската полиција информира дека вчера бил извршен…