Затвореник претепан во штипскиот затвор, институциите без конкретен одговор што се случило

t

Затвореници претепале друг затвореник во штипскиот затвор, роднини на затвореникот реагираа до нашатта телевизија. Загрижени велат дека нивниот роднина кој е во затвор бил претепан, била повикана Брза помош, ама истата била вратена назад и затвореникот не бил прегледан.

За вака настанатата ситуација одговор побаравме од директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија вели дека ваков случај кај него нема пријавено.

„Кај мене нема пријава за физичка пресметка меѓу затворениците во штипскиот затвор. Имаше повикано Брза помош и истата беше вратена назад од страна на Командирот затоа што затвореникот одбивал да биде прегледан“ – вели Тодоров за М – Нет телевизија.

За разлика од него од Брзата помош Штип велат дека биле на терен и дека го прегледале затвореникот.

„Имаше пријава во Брзата помош од страна на затворот. Наша екипа беше на терен. Го прегледавме затвореникот но немаше значајни повреди“ – додаваат од Брзата помош Штип.

Во СВР Штип пак нема пријава за физичка пријава во штипскиот затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…