Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата врз три затвори во државата, каде што од вчера попладне земаа најмалку 46 лица како заложници, изјави денеска министерот за внатрешни работи на земјата, Марко Антонио Виледа.
Виледа на прес-конференција изјави дека до саботата попладне нема пријавени смртни случаи или повредени меѓу заложниците, кои се претежно затворски чувари.
Тој рече дека немирите биле организирани од бандата Барио 18, бидејќи нејзиниот водач бара да биде преместен во друг објект за да добие подобри услови и посебен третман
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, немирите се „директна реакција“ на потезите на министерството за отстранување на привилегиите на шефовите на бандата.
„Нема да склучувам никакви договори со ниедна терористичка група. Нема да се повлечам пред оваа уцена, ниту ќе вратам привилегии во замена за нивно запирање на нивните дејствија“, рече Виљеда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три…
Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата врз…
Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор
Од затворот Штип вчера било пријавено дека…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…
(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…
Возило на командир во битолскиот затвор било…