Затоа го кријат? Османи: Нема никаков срам околу Протоколо, не задира во идентитетот

t

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, вечерва изјави дека нема никаков срам околу Протоколот со Бугарија.

„Тој е записник од седница, која што сѐ уште не е одржана. Протоколите се записници од средби што се одржуваат еднаш годишно и се предвидуваат мерки како да се имплементира Договорот. Сакам да демантирам дека тоа задира во идентитетските прашања. Тој записник нема да задира во никакви идентитетски прашања, туку кажува што прави Владата откако Историската комисија ќе донесе одлуки за заеднички погледи на некакви интерпретации“, вели шефот на дипломатијата.

„Доколку нема одлука на Комисијата, ништо не може да се имплементира, смени или прави. Разговарани се кои мерки би биле предвидени за наредната година, но записникот треба да се усвои на седница на меѓувладина комисија. Не е точно дека со било што се задира во некои прашања поврзани со историја или идентитет“, додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…